x

Стигнаа добри вести за Вардар: Резултатите од „Ковид-тестот“ се негативни

Вардарци без проблем можат да ги почнат подготовките за новата сезона. Резултатите од „Ковид-19“ се негативни, соопштија од таборот на актуелниот првак. Денеска беа тестирани ракометарите, стручниот штаб, како и сите оние кои се дел од тимот.

„Денеска, 17 јули целиот тим што се наоѓа во Скопје и стручниот штаб беа
тестирани за Covid-19 и сите резултати се негативни“, се вели во официјалното известување на Вардар 1961.

Последен кој ќе се тестира е Иван Чупиќ, кој во Скопје ќе дојде нешто подоцна, поточно во вторник.

Првата прозвика тренерот Стевче Алушовски ја закажа за утре (18 часот) на фудбалското игралишите до СЦ „Јане Сандански“.

Поради пандемијата коронавирус, ќе има посебни правила и за новинарите, со цел да се заштитат и играчите.

„Со оглед на ситуацијата со „Ковид-19“ ве известуваме дека првиот тренинг ќе се одржи според одредени правила кои ве молиме да ги почитувате.

Нема да биде можно земање на поединечни ниту групни изјави од играчите и членови на стручниот штаб, ниту пред ниту по завршување на тренингот. Ве замолуваме за воздржување од контакти со играчите и со стручниот штаб.

Исто така нема да биде дозволено влегување на ТВ камери и фотографи на теренот каде ќе се одржува тренингот. Ќе замолиме сите потребни кадри да ги направите надвор од теренот“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата