Стејт департментот му заблагодари на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас по оставката, потенцирајќи го подобрувањето на грчко-американските односи, како и за неговата улога при постигнувањето на историскиот договор за името со Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на соопштение.

Поддршка за договорот помеѓу Атина и Скопје дал и претставник од Стејт департментот пред грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“, кој истакнал дека САД поддржуваат целосна имплементација на договорот, што ќе и овозможи на Македонија да го добие нејзиното место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија.

„Додека во македонскиот парламент продолжува разгледувањето на уставните измени, ние ги повикуваме лидерите да се ослободат од партиските интереси, да ја искористат можноста и да обезбедат посветла иднина за својата земја“, додава тој.

„Каримерини“ потсетува дека Коѕијас поднесе оставка вчера, ден по тензичната седница во владата во Грција, каде тој влезе во конфронтација со министерот за одбрана, Панос Каменос, по повод договорот за името. Грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи за да обезбеди успешно завршување на договорот.

извор: Makfax