Одлична партија имаше првата ѕвезда на “воините”, Стеф Кари, кој постигна 39 поени, од кои 11 тројки. Зад него Клеј Томпсон уфрли 29 коша.

[video:https://youtu.be/ne7PuU2luZU]

Во дерби дуелот на Исрочната конференција, Бостон го надигра Торонто и славеше со 109:104. Најефикасен на натпреварот беше Томас со 44 поени, од кои 19 постигна во последната четвртина кој Селтикс ја доби со 32:19.

[video:https://youtu.be/1XuS1Yhm_VQ]

Екипата на Мајами ја забележаа деветата победа во низа во НБА лигата, откако на домашен терен славеше против Атланта со 116:93. Најефикасен во победничкиот состав беше Горан Драгич со 27 поени, додека Хасан Вајтсајд забележа 18 поени и исто толку скокови.

[video:https://youtu.be/E-heL9v_xM4]

Резултати: Кливленд – Минесота 125:97, Орландо – Индијана 88:98, Бостон – Торонто 109:104, Бруклин – Њујорк 90:95, Детроит – Њу Олреанс 90:95, Мајами – Атланта 116:93, Далас – Филаделфија 113:95, Денвер – Мемфис 99:119, Феникс – ЛА Клиперс 114:124, Јута – Милвоки 104:88, Оклахома – Чикаго 100:128, Голден стејт – Шарлот 126:111.