БРАЧНА ИДИЛА

Манекенката Стефани Борсова која веќе извесно време живее на релација Нови Сад- Скопје вели дека откако се омажила животот и добил друга димензија, а улогата на сопруга и домаќинка максимално ја исполнува и и годи.

“Веќе една година живеам во Србија заедно со сопругот. Секогаш кога ќе почувствувам дека ми недостасуваат семејството и пријателите јас доаѓам во Скопје и уживам во моментите поминати со нив”, вели манекенката.

Нејзиниот избраник се вика Александар Саша Стојановиќ и е локален бизнисмен, кој има ланец на слаткарници низ Србија. Во брак се неколку месеци, а Саша и ја побара раката минатиот февруари.

“Одлично се сложуваме со сопругот. Се снаоѓам во улогата на домаќинка, иако на почетокот ми беше малку тешко. Не можев да се навикнам на готвењето и сите тие работни навики во домот, но ако се сака се се може”, вели екс мисицата која наскоро планира да се испроба и во една друга улога.

“Се надевам дека во блиска иднина ќе можам да се пофалам и со веста дека сум бремена. Едвај чекам да станам мајка”, рече Стефани која категорично тврди дека без деца, животот не би бил тоа што треба да биде.

“Ако немаме деца, нема за кого да се живее и создава”, заврши Борсова.
Познатата манекенка моментално е трета година на Балетската академија во Пловдив, а наскоро очекува да дипломира и да се вработи во Новосадското балетско училиште како професор.

(Ј.А.)