x

Стерлинг му донесе триумф на Сити кај Саутемптон (ВИДЕО)

sterling

Рахим Стерлинг со голот во 16. минута, донесе три бода на Манчестер Сити во дуелот со Саутемптон.

Одличниот домашен терен мораше да го „положи“ оружјето, и покрај тоа што имаше свои шанси. Свои шанси имаа и гостите кои што пропуштија да зголемат, и порано да го решат победникот, а не да се „тресат“ до последен момент.

Сити со оваа победа се искачи на петтото место со 23 бода, осум помалку од лидерот Ливерпул, но „граѓаните“ имаат и меч помалку.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата