Го гледав вечерва интервјуто на Артан Груби на кое кажа неколку интересни тези:

Првата, дека секоја партија па и во рамките на коалициите треба да се разгледа посебно односно вели дека Беса треба да се гледа одвоено од СДСМ, Алијанса одвоено од Алтернатива и ВМРО ДПМНЕ одвоено од коалиционите партнери.

Супер епа тогаш вака стојат работите по таа математика, во коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ГРОМ има еден пратеник, Социјалистичка партија има два и ДПСМ на Стоиљковиќ еден. Значи 44 пратеника за Обнова на Македонија минус 4 на коалиционите партнери се 40 на ВМРО ДПМНЕ.

Коалицијата Можеме на чело со СДСМ има четири пратеника на БЕСА, два од ЛДП, два од НСДП, еден на ДОМ, еден на ВМРО- НП, еден на ДС, еден на ПДТ значи од вкупно 46 минус 12 на коалиционите партнери останува СДСМ со 34 пратеници.

Сега прашуваме кој треба да добие мандат за состав на влада по теоријата на Артан Груби, ВМРО ДПМНЕ со 40 или СДСМ со 34 пратеници?

Второ, интересна теза исфрли господинот Груби дека излезноста кај македонското гласачко тело јасно става до знаеење дека е незадоволно од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ. Тоа значи дека македонското гласачко тело јасно дава подршка за третата опција а тоа е ДУИ, така вели Артан Груби.

Добро му е рамислувањето на овој преставник од ДУИ ама не ми е јасно како не излегувањето на референдумот на македонското гласачко тело го сватија како јасна порака за промена на името, уставните промени и влез во НАТО.

Како тамо не ја препознаа јасната порака кај македонското гласачко тело за несогласување со промена на уставното име.