Според околу 90% избројани гласови, победник на претседателските избори е кандидатот на СДС, ДУИ, ДПА и дел од Беса со 60.000 гласови предност пред кандидатката Гордана Сиљановска Давкова, предложена од ВМРО ДПМНЕ.

Споре драспоредот на сили по општините ВМРО ДПМНЕ победи во најголем дел големите градови, бклучително и Скопје а Стево Пендаровски во општините со албанско мнинство, како и Струмица и Куманово од поголемите градови во Македонија. Со тоа завршува изборниот циклус а секоја од партиите ќе направи анализи и ќе извлече заклучоци што и како понатаму.

Артан Груби по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук.

– „Али Ахмети и ДУИ избраа претседател на Парламентот. Али Ахмети и ДУИ избраа премиер. Али Ахмети и ДУИ избраа претседател. Без Али Ахмети и без ДУИ … тоа не функционира!“, напиша Груби.