Во текот на неделава Марти Ахтисари ќе го достави конечниот предлог до Светската организација, изјави портпаролот на Канцеларијата на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Реми Дурло. Тој нагласи дека заменикот на Ахтисари, Албер Роан ќе отпатува за Њујорк и лично ќе му го предаде документот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Офизијална Србија вчера излезе со став дека предлогот на Ахтисари не ги исполнува ниту процедуралните условите да се најде пред Советот на ОН. Но, бидејќи тоа ше се случи,тие сметаат дека дури тогаш ќе се отвори голем маневарски простор за суштински измени на планот. Косовските лидери сметаат дека рабоата е завршена и дека независноста е извесна по остварувањето на определениот редослед на нештата. Агим Чеку изрази уверување дека Русија нема да стави вето во СБ за резолуцијата за идниот статус на Косово, бидејќи тоа ќе биде против заложбите на ОН. Тој потенцира дека Приштина нема да преземе никакви унилатерални одлуки со кои би се наштетило на партнерството со меѓународната заедница.