x

Стартува најчудната Ф1 сезона – Хамилтон и Ферари пак се фаворити, Ферари чекаат од „сенка“

Коронавирусот ги поремети плановите во Формула 1, па така место во март новата сезона ќе почне во јули и тоа со доста изменет формат. Поради коронавирусот организаторите ги откажуваа трките, па така буквално се „крпеше“ распоредот за како-така да се заврши сезоната во најбрзиот спорт на светот.

Најважно за раководството на Ф1 е сезоната да не пропадне, па така од можните 22 трки засега потврдени се само осум. Првата ќе се вози во недела (почеток од 15.10 часот) и тоа на „Ред Бул Ринг“ во Австрија. И втората е закажана на истата патека една недела подоцна.

Всушност планот е на две патеки да има по две трки. Освен во Австрија две трки ќе има и на патеката „Силверстоун“ во Англија. Потоа ќе видиме и трки во Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија. Тоа се воведните осум трки, а од раководството на Ф1 се надева дека календарот ќе биде проширен за уште некоја трка во зависност од состојбата со коронавирусот во светот.

Секако, ќе нема навивачи на трибините, а сите учесници имаат добиено здравствен протокол по кој мора да се придржуваат. И да има некој заразен од КОВИД-19 шампионатот нема да биде откажан или трката одложена што е добро од љубителите на Формула 1.

Луис Хамилтон и Мерцедес и оваа сезона се главни фаворити за титулата. Но никако не смееме да го отпишеме Ферари предвреме за кои ќе возат Себастијан Фетел негова последна сезона во „црвено-црниот“ тим откако одби да го продолжи договорот и се подобриот Шарл Леклер.

Во потесниот круг на фаворити се уште клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас како и секогаш незгодниот Макс Ферстапен од Ред Бул рејсинг.

За австриското Гран при претходните две години на првото место на пиедесталот се искачуваше Макс Ферстапен. Тимски гледано, најмногу победи на оваа патека имаат Ферари и Мекларен по шест.

Минатата година Леклер ја освои пол-позицијата, но победи Ферстапен, додека возачот на Ферари беше втор, а третото место му припадна на Ботас.

 

ПОТВРДЕНИTE ВОВЕДНИ ОСУМ ТРКИ

3-5 јули                Австрија

10-12 јули           Австрија

17-19 јули           Унгарија

31 јули – 02 август           Британија

7-9 август             Британија

14-16 август         Шпанија

28-30 август       Белгија

4-6 септември    Италија

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата