Осумдесет и осум годишната Л.Б. денес околу 9 часот била пронајдена мртва во својот стан во ценатрот на Белград.

-Безживотното тело на возрасната жена е пронајдено утринава и е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, а полицијата изврши увид, истакнале од српската полиција.

Како што пишува српски „Блиц”, жената ја пронашла нејзината негователка која доживеала шок бидејќи ја затекнала без знаци на живот, со ќеса на глава.

-Во шок сме. Бабата беше прекрасна, не веруваме дека тоа можела да го направи. Живееше сама на третиот кат, а често доаѓаше и жената која ја чува. Бевме зачудени кога слушнавме дека ја нашле со ќеса на глава, изјавил еден од соседите.

Како што пишува „Блиц” првите резултати од истрагата укажуваат дека се работи за самоубиство.