Елси Смит има 91 година и го продава имотот за да го погреба својот сопруг. Таа на нејзината сметка има само 9 долари.

Смит нема деца, ниту роднини, ниту финансии. Со сопругот Џо живееле среќно 46 години, до пред неколку дена кога тој починал, а таа остана сама на светот. Елси сака да го продаде имотот за да го одржи ветувањето кое му го дала на сопругот и да го погреба.

– Ги сакам работите кои ги имам, но ако не можам да ги задржам, не можам и тоа е тоа, рече госпоѓа Смит.

– Елси, ми зборуваше тој, те молам немој да ме кремираш, не сакам да бидам кремиран. Тој за мене беше најдобриот човек во светот и сакам да му ја исполнам оваа желба, рече сопругата на починатиот.

Трошоците за погребот на Џо изнесуваат 3.000 долари.

После смрта на сопругот се преселила во Домот за стари лица, а сместувањето и го овозможиле донациите на хуманитарните организации кои апелираат и собираат финансиска помош за да може Елси да го погреба својот сакан.