Вујадин Станојковиќ е нов тренер на Вардар. Раководството на нашиот најтрофеен фудбалски клуб и актуелниот асистент- селектор, прексиноќа имале четиричасовни преговори, на кои, според информациите на “Вечер” било договорено Станојковиќ да ја преземе тренерската палка. “Можам само да потврдам дека прексиноќа ги започнавме преговорите со раководството на Вардар, на чело со спонзорот Брацо Вујчиќ. Блиску сме до договор, но сe` уште ништо не е официјализирано”, ни изјави Станојковиќ, пред синоќеш- ниот нов состанок со вардаровите челници, по што се очекуваше, популарниот Вујо и официјално да биде промовиран во нов кормилар на “црвено-црните”. Вујадин Станојковиќ е респектирано име во македонскиот фудбал, поранешен репрезентативец на Македонија и СФР Југославија и со години играч на Вардар и белградски Партизан. Во својата тренерска кариера, тој го водеше тимот на Македонија ЃП, а пред да му стане помошник на селекторот Драган Канатларовски, ја водеше мак-репрезентацијата до 18 години. Досегашниот тренер на Вардар, Бразилецот Жилдо Родригеш, ќе остане во клубот како кондициски тренер, бидејќи до крајот на годинава го врзува договор со вардарци. Сигурно е само дека популарниот Вујо ќе си донесе свој помош- ник. Како што дознава “Ве- чер”, Станојковиќ ќе потпиш е договор на две или четири години со тимот од Градски, со кој никој нема да му се меша во тренерската работа. Освен тренерска, спонзорот на “црвено-црните” Брацо Вујчиќ подготвува и раководна реорганизација со хиерархиска структура (ќе има спортски директор, директор за маркетинг и сл.). (Б.Н.)