x

Станковски: Играме добро, веруваме во себе, во Кратово одиме на полн плен

mario-dobra

Тимот на Борец во изминатите кола даде до знаење дека ќе се вбројува во оние екипи  кои можат да освојат бодови на секој терен. На Арената против Вардар, во Тетово против Шкендија, на домашен терен против Ренова односно Академија Пандев.

Се од ред противници кои реално во нашиот шампионат важат за авторитетни, две од гореспоменатите вчера играа на Интернационална сцена.

Викендов Борец оди на гостување кај третиот наш Европски клуб летово. Кај Силекс во Кратово. Велешани имаат низа на добри мечеви, по ремито против Шкендија, односно победата над Академија Пандев па во таа насока посакуваат да отиде и мечот во Кратово.

„Ние играме добро. Тоа се гледа и по резултатите и на терен. Не примаме голови, а почнавме и да реализираме, што е позитивно. Мене лично и не ми е многу важно против кого играме, најбитно е ние да сме на ниво и како што треба. Како екипа сметам дека треба да одиме на секој меч на победа, па така ќе биде и во Кратово. Што се однесува лично до мене, нормално дека ќе дадам се од себе повторно да реализирам и да донесам бодови, кои многу ќе ни значат нам, како тим,   а нормално и да ги израдувам навивачите кои безпоштедно не бодрат буквално на секој меч“ – вели Марио Станковски, напаѓачот на Борец.

ЧИЧЕВСКИ И ЈОЛДАШЕВ НОВИТЕТИ ВО ВЕЛЕС

Пред самиот крај на преодниот рој Борец ангажираше уште два нови фудбалери. Тоа се Милан Чичевски и Александар Јолдашев кој ќе му помогнат на тренерот Горазд Михаилов и ќе му го зголемат ростерот на активни играчи за предизвиците кои претстојат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата