Старлетата Станија Добројевиќ за неколку денови, поточно на 6 септември повторно ќе влезе во Задруга и ќе ја одбележи четвртата сезона во ова реално шоу.

Покрај неа, таму ќе се најде и Кристијан Голубовиќ, со кого, по блиската врска на Фарма, таа жестоко се закачи, а останува да се види како двајцата ќе се однесуваат овој пат под ист кров.

До тогаш, односно до влегувањето во карантин, Станија е посветена на своите обожаватели на Инстаграм и другите социјални мрежи, а сега ги почести со целосно гола фотографија.

Таа се сликаше во бањата и покажа скоро сè, па јасно е дека е подготвена да покаже што има на располагање во Белата куќа.

Малку се оние што веќе не ги знаат нејзините адути, а бидејќи нема да има пристап до социјалните мрежи за време на учеството во Задруга, можеби до тогаш решила да го „пополни“ со најпровокативни фотографии.