x

Стадионот на Спортинг ќе го носи името на Кристијано Роналдо

Еден од најдобрите сега може слободно да се каже фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, е на залезот на својата кариера, иако според неговите физички способности тоа не би се рекло.

Португалецот е икона на Португалскиот и Светскиот фудбал, но и на тимот на Спортинг Лисабон, чија што младинска школа ја мина во целост, и од каде што тргна неговиот вртоглав фудбалски успех. Затоа клубот полека но сигурно размислува како да му се оддолжи за сето она што Кристијано Роналдо направи низ годините за Спортинг, а верувајте направи многу.
Стадионот на клубот од Лисабон во моментов се вика Алваладе, по еден од озвиначите на кубот, легенда која го има носено дресот на Спортинг, кој бил еден од спонзорите своевремено, бидејќи потекнувал од богата фамилија, и кој трагично го завршил животот во 33. Година во пандемијата од шпанската грозница.

Сега, дојде ред да му и се оддаде почит на уште една икона на клубот, а се размислува помеѓу две опции за новото име на стадионот. „CR7 ALVALADE“ или пак обратно „ALVALADE CR7“.

„Секако дека тоа ќе се случи, ние сме горди не Роналдо. Тоа е најдоброто нешто што излегло од овој клуб, и тој е нашиот симбол“ – вели претседателот на Спортин, Федерико Варандас.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата