x

Стадионот на кој ќе се игра дуелот со Ерменија е „малерозен“ за нас, на него немаме дадено гол

gsp-stadion

Македонија ќе гостува на Ерменија на Кипар, на стадионот „ГСП“ кој е малероен за нас. Репрезентацијата нема одиграно меч на тој стадион, меѓутоа сите наши екипи, освен Вардар, доживеја „фијаско“, и тоа без да постигнат гол.

На Кипар, репрезентацијата на Македонија има одиграно еден натпревар во Лимасол и тој заврши без победник 1:1.

Со Ерменија во среда играме во последното коло од Лигата на Нации. Поради војната ситуација, овој меч не се игра во Ереван туку во Никозија.

Нашите екипи не само што немаат победа на тој стадион, туку немаат ниту постигнато гол.

Во прилог подолу натпреварите на нашите тимови одиграни на овој стадион. Но, на крајот и традицијата не мора ништо да значи. На пример на Тричко добро му е познат овој стадион, затоа што „тресеше“ долго време за АПОЕЛ. Но, на пример Кире Ристевски по лошо го памети, затоа што како играч на Пелистер, поцрвене во дуелот со АПОЕЛ во 2008 година.

На ГСП единствено Вардар не беше поразен, и одигра 0:0 со АПОЕЛ.

 

НАТПРЕВАРИТЕ  НА НАШИТЕ ЕКИПИ НА „ГСП“ ВО НИКОЗИЈА

2004 – Омонија – Слога Ј. 3:0

2008 – АПОЕЛ – Пелистер 1:0

2009 – Омонија – Милано 2:0

2011 – Омонија – Ренова 3:0

2015 – Омонија – Металург 3:0

2016 – АПОЕЛ – Вардар 0:0

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата