x

Ставрев, Мечкаровски и Јакимовски ќе го судат мега – дербито Вардар – Шкендија!!!

Да, драги читатели, добро читате, не е грешка. Триото наши најдобри судии, тројцата интернационалци ќе го судат големото неделно дерби меѓу Вардар и Шкендија. Главен ќе биде Александар Ставрев, зад головите Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски, додека помошници Марјан Кировски и Дејан Костадинов а четврти Гоце Петрески. Ова е во чест е и на Марјан Кировски, за кого ова ќе биде последен натпревар во неговата кариера. Инаку ова ќе биде за првпат во нашиот фудбал, на домашна сцена на еден меч да бидат сите заедно, оние најдобрите.

Овие судии гарантираат дека се ќе биде како што треба на средбата која започнува во 13 часот во недела, а се игра на Арената „Тодор Проески“.

ДВОЈКИ И СУДИИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (А. Ставрев – Скопје)

СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ (К. Влахо – Скопје)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (Ј. Бартон – Скопје)

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (И. Стојчевски – Скопје)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (А. Шаќири – Струга)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата