Турската и светската јавност се во шок откако турскиот фудбалер Сехер Токташ призна дека го убил петгодишниот син задушувајќи го со перница.

Тој убиството го извршил во болинцата каде што неговиот син бил примен поради коронавирус.

Детето на 23 април било примено во болницата бидејќи му бил дијагностициран коронавирус, а со него во болницата престојувал и неговиот татко Сехер Токташ, кој неколку часа по доаѓањето во болницата, кажал дека состојбата на неговиот син значително се влошила.

Но, за тоа бил одговорен токму тој, што во прв момент не се претпоставувало. Лекарите можеле само да констатираат смрт поради тешки респираторни компликации како што се чинело во тој момент.

По 11 денови, вистината е откриена. Фудбалерот не можел да се помири со тоа што го направил, отишол во полиција и самиот се пријавил.

„Ставив перница врз лицето на својот син додека тој лежеше на грб. Ја притискав перницата 15 минути без престан, додека мојот син цело време се бореше. Кога престана да дише, ја кренав перницата. Тогаш повикав доктори да му помогнат како би сокрил било каков сомнеж. Никогаш не го сакав својот најмал син, уште од неговото раѓање. Не знам зошто не го сакам. Единствената причина зошто го убив е затоа што не го сакав, но немам ментални проблеми“, рекол Токташ.

Сехер Токташ е веднаш уапсен и се очекува почеток на судењето, а според законите во Турција, веројатно го очекува доживотна затворска казна.

извор: Makfax