СРЈ не извршила геноцид!
– Во пресудата стои дека тужената страна нема обврска за надомест на каква било штета
Со големо мнозинство гласови, вчера во Хаг Меѓународниот суд на Правдата заклучи дека геноцидот во Сребреница, како и на целата територија на Босна и Херцеговина, не може да и се припише на поранешна Сојузна Република Југославија и сегашниот правен наследник Србија. Судот пресуди деке Србија, бидејќи ги прекршила обврските, мора да преземе мерки за казнување геноцид и дурги дела од Конвенцијата за геноцид,што вкучува и соработка со Хашкиот трибунал. Во пресудата стои дека тужената страна нема обврска за надомест на каква било штета.
“Не е докажано дека војската на СРЈ учествувала во масакрот во Сребреница, ниту дека политичките власти на СРЈ го планирале тој масакр. Учествувањето е докажано во годините пред масакрот. Но, не е докажано дека имало такво учество кога е во прашање масакрот во Сребреница”, соопшти претседателот на судскиот совет Розалин Хигинс, цитирајќи ја пресуда по тужба која во 1993 година БиХ ја покрена против СРЈ.
Меѓународниот суд на правдата на ОН соопшти дека масакрот на околу осум илјади босански муслимани во Среберница во 1995 година било геноцид, со што ја потврди претходно донесената одлука на Судот за воени злосторства на ОН за поранешна Југославија.
“Судот заклучи дека е извршен акт на геноцид од страна на припадници на армијата на босанските Срби во Сребреница, но дека нема доволно докази дека тоа е направено на целат територија на БИХ”, изјави претседателот на судот Росалин Хигинс. Повикувајќи се на извештаите од генералниот секретар на ОН за Сребреница, Хигинс нагласи дека командантот Ратко Младиќ и други офицерина војската на Република Српска вмешани во максакрот во Сребреница “не може автоматски да се смета” дека се и припадници на Војската на Југославија.
Меѓунардониот суд на правдата оцени дека Црна Гора не е субјект на обвинението на Сараево за геноцид за време на војната во Босна и Хрцеговина од 1992 до 1995 година, но дека ја споделува одговорноста со Србија за сторените злосторства. Ова е прв пат Меѓународниот суд на правдата на ОН да определи настан за геноцид, врз основа на договорот од 1948 година.