Српски графити во Пула
Во Пула завчераутро осамнаа чудни графити досега незабележани во овој повеќенационален хрватски град. Во месноста Веруделе на еден ѕид со црн спреј беше напишано “Косово е Србија”, а во Монте Зара “Стани Лазаре, Србија те вика”. Сопствениците на куќите се лутат, бидејќи фасадите неодамна им биле бојосани, а граѓаните се во недоумица: дали е тоа дело на србофили или обична шега?