Моментално се подготвува т.н. изјава за мрежата, која треба да ги дефинира пругите за експлоатација и цените за пристап до железничката инфраструктура според категоријата на пругите, изјави за „Вечерње новости” извор во Министерството за сообраќај на Србија.

Тој додаде дека тој дел од работата ќе биде завршен до 1 септември. На операторите ќе им биде достапна секоја делница на која се одвива сообраќајот.