-Се соблекоа голи, облекоа само чорапи и направија хаос. Најпрвин бевме изненадени и не можевме да веруваме што се случува, но на крајот глетката беше забавна, раскажува Саша Гајиќ, еден од селаните.

Како што дознава Блиц, станува збор за група од 15 мажи од Англија кои дошле во Србија за да снимаат спот. Впрочем, спотот бил поклон за нивни другар кој наскоро ќе прави свадба. Впрочем, тие ја одбрале областа околу Уб по препорака, по што веднаш изнајмиле куќа. Се случило што се случило, а селаните не можеле да им веруваат на своите очи.

Кога ја слушнала музиката, г-ѓата Миланка заедно со внукот дошла до нивата на која биле собрани гостите од Англија.

-Вакво нешто не се случило цели 50 години во Кожуар. Тие најпрвин почнаа да пеат. И покрај тоа што не разбиравме што точно пеат, сите почнавме да играме. По неколку минути ни пријде една девојка која не замоли да се тргнеме со објаснување дека тие ќе се соблечат голи, раскажува Миланка на чиј имот е снимен овој невообичаен спот. 

Според зборовите на селаните, сите се забавувале тој ден. И секако, гостите од Англија постојано биле со чашка ракија во рацете.

Ергенска забава

Како што дознава Блиц, необичните гости од Англија дошле во Србија за да снимаат спот. Тие не се бенд, туку пријатели кои му подготвуваат изненадување на другарот кој наскоро ќе стапне на лудиот камен. Тие го напишале текстот и сценариото, додека пак костимите ги смислиле на лице место. Во Србија доаѓаат прв пат, и тоа по препорака.