Жардармерија, наводно влегла во Косово, а албанските и приштинските медиуми оваа вест ја пренеле како најголема провокација на српската држава!

Српската жандармерија продолжува да провоцира на Косово, јавува РТК.

Оваа телевизија објавила дека во одалечените села кај Каменица тим од српски војници “влегол 8 километри на територијата на Косово“.

Ова наводно се случило во селото Свирче, кај Каменица, а РТК пишува дека српските жандарми влегле на Косово преку влезот “Капи“ кој оди до Свирче.

Како што пишува РТК, повикувајќи се на свои извори, овој инцидент наводно се случил пред неколку дена, поточно 31 мај о.г. во одалечени села на планината Каменица.

Тие наведуваат дека тим од четири граничари ор српска жандармерија влегле на територијата на Косово, движејќи се околу 8 километри, преку нејзината територија.

“Српските жандар се движеле преку територијата на Косово повеќе од осум километри, додека овој пат е околу два километри по воздушна линија