Народна банка на Србија до Собранието достави предлог за измена и дополнување на Законот за девизно работење, со кој од 1 октомври 2015 година на државјаните на Србија ќе им се овозможи платниот промет со странство да го вршат и преку домашните платни и институции за електронски пари, а не само преку странските.

Станува збор за воведување на нови видови понудувачи на платни услуги во домашниот платен систем.

Имајќи во вид дека од 2012 година во Србија постои можност за електронска купопродажба на стоки и услуги во странство преку странски институции за електронски пари, како што е на пример Пејпал, со предложениоет закон се создаваат услови и домашни институциии за електронски пари со дозвола на Народна банка да учествуваат на ист начин во платниот промет со странство.

Со предложените измени и дополнувања на некои одредби на Законот се прецизира дека ЈП „ПТТ Србија” би можела непречено и во склад со законот да извршува менувачки работи и да учествува во платниот промет со странство.