Српската полиција пишува хрватски!
Министерството за внатрешни работи на Србија ќе влезе во историја бидејќи на чист хрватски јазик ги повика српските девојки и момчиња да се пријават на нивниот конкурс за упис во Средната школа за внатрешни работи -Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица! Наедно, тоа е и прв пример, една државна српска служба на хрватски јазик да им се обраќа на граѓаните на Србија! Секако, ваквото не знаење и непочитување на српскиот јазик предизвика револт кај идните полицајци кои најчесто коментираа дека вакво нешто никогаш не би се случило во Хрватска.
Во боршурата врие од хрватски зборови и јазични конструкции, но ако ги преведуваме целите реченици на македонски , нема на сите читатели да им биде јасен јазичниот лупинг на српските полицајци, па ќе ви наведеме само неколку препознатливи чисто хрватски зборови напишани во брошурата: радно мјесто, наобразба, упораба, полицске овласти, безбједносни сектор и бројни други.
По бурните реакции од Центарот во Каменица дадоа тенка изјава која во ништо не ја задоволи јавноста – дека со незнаењето “на некој начин сакале да покажат дека мислат и на малцинствата во Србија.