Српската и италијанската мафија се поврзани
“Српската и италијанската мафија имаат многу заеднички работи. Пред се, тие се поврзани во трговијата со дрога и цигари, а тоа пак е поврзано со бројни случаи на убиства и насилство”, вели Антонио Лаудати, обвинител на италијанскиот Национален директорат за борба против мафијата. Тој тоа го поткрепува со фактот дека во Италија досега имале голем број случаи во кои учествувале криминалци од Србија, па затоа имале тесна соработка со српскиот специјален обвинител. Покрај ова, според него, Балканот е погодна почва за перење пари, пласман и транзит на дрога, префрлување на илегални имигранти во ЕУ и друго.