Денес, и е роденден на официјално, втората светска тенисерка, Русинката Марија Шарапова, која, откако минатата година го освои најславниот тениски турнир Вимблдон, стана медиумска ѕвезда број еден. Но, за разлика од својата претходничка, Ана Курникова, Маша, не само што изгледа “страобално”, туку исто така и игра. Интересно е дека роденденот го прославила 10 дена порано, во Њујорк, а журката и ја организирал главниот спонзор, “Моторола”. За време на гламурозната прослава, на која присуствувале околу 400 гости, таа одвоила само 5 минути за “здодевните” новинари, за да им одговори, зошто го слави порано роденденот: – А, зошто да не? Не сум суеверна. Се радувам дека ќе прославувам два пати, еднаш сега, во организација на спонзорот, а вторпат, на 18 април. И, повторно, не на родениот ден, бидејќи на 19. морам да се појавам во Шпанија. Ќе седнеме во некој убав ресторан на Флорида, онака, поскромно, со семејството. “Десерт” на забавата мини концерт имала мегапопуларната група од Лос Анџелес, “Марун 5”, која направила вистински “џумбус” со изведбата на хитовите “Sunday Morning” и “She Will Be Loved”, а кулминацијата била кога тапанарот Рајан Дазик го зел микрофонот и ја испеал легендарната “Highway to Hell” од австралиските рок-ветерани, AC/DC. Мошне интересен детаљ пренесе новинарот на ЕСПН, Дарен Ровел, кој, откако лично и го честитал роденденот, пренесува дека Марија знае да се ракува како што треба, со дискретен стисок, а не како да ви ставила “мртва риба” во раката!