x

Среќен е во Сити, но…: Стерлинг позира во дрес на „кралевите“ – „Реал е фантастичен клуб“!

Рахим Стерлинг, англискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, во интервјуто за шпанскиот „АС“, во неколку наврати истакна дека е среќен меѓу „граѓаните“, но сепак позираше во дресот на Реал Мадрид.

„Кога ќе погледнете бел дрес, веднаш знаете за кој клуб станува збор. Сепак јас имам договор со Сити и тоа мора да го испочитувам, од друга страна можам да кажам дека Реал Мадрид е фантастичен клуб“ изјавил меѓу другото англискиот напаѓач.

Тој го пофали Зинедин Зидан, и напомена дека тоа што Зизу освојува редовно ЛШ не е среќа, туку формула.

 

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата