x

„Среќа што Мурињо не беше тука да ги измери головите“, изјави Солскјер по петте стативи на Брајтон

solskjer-murinjo

Изјавата на Жозе Мурињо за помалиот гол на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, одекна низ целиот Свет. Дефинитивно Португалецот го „украде“ шоуто, откако по мечот со Шкендија истакна дека проверувајќи, заклучил дека голот е понизок 5 сантиметри, и реагирал кај делегатот да биде сменет.

На негова сметка се пошегува Оле Гунар Солскјер. Откако Брајтон дури пет пати ја погоди стативата на голот на Де Геа, менаџерот на Јунајтед го спомена Мурињо.

„Можеби тимот не заслужи победа, но карактерот заслужи. Среќа што Мурињо не беше тука да ги измери головите“, рече Солскјер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата