Екипата на †Вечер” вчера ја посети Перса Мицевска во нејзинот дом на улицата Видео Смилевски Бато во Тетово за да и` го врачи пликот со парич ната добивка од 8 000 денари од наградната акција на семејниот дневен весник. Домаќинката не` пречека видно расположена и среќна. †Ова ми е прва добивка што воопшто ја добивам. Учествувам во сите наградни игри и игри на среќа, но никогаш во животот не сум добила ништо. Затоа оваа награда ми причинува посебно задоволство” – ни рече добитничката Перса. Добитното плико е единственото што семејството Мицевски го имаат испратено. Иницијативата за учество во наградната игра било токму на Перса, која редовно ги собирала купоните, по што нејзиниот син среќ- ното плико го испратил на нашата адреса. †Сега сум сигурна дека за добивка во оваа наградна акција ти е потребна само среќа и ништо повеќе” – додаде возбудената Перса, која вели дека се надевала дека ќе добие, бидеј- ќи секој што игра потајно се надева. Нашата редовна читателка добивката ќе ја даде на синот и ќерката, а што ќе прават со парите, останува нивен избор. †Ова е среќа на мама, а радост на децата” – се насмеа Перса. Но, таа нема да застане тука. Ќе продолжи да учествува во наградната акција која †Вечер” ја спроведува како благодарност за 40-годишната верност на читателите.