x

Среќа во несреќа: Бобан Николов по повредата на петата, ќе паузира само десет дена

Малку недостигаше Бобан Николов да не биде во состојба да настапи за натпреварот со Косово на 26 март. Имено тој ја повреди петата на левата нога на подготовките со МОЛ Фехервар во Шпанија. Првите прогнози беа црни, страшни, дека ќе мора на операција и дека ќе паузира од 3 до 6 шест месеци. Сепак подоцнежните детални лекарски прегледи востановија дека тој со интензивно лечење на терен ќе биде за десет дена или најмногу две недели.

Не треба да се говори колку значи Николов за нашата најдобра репрезентација, тој е важна „алка“ во составот. Да потсетиме дека тој беше стрелец на мечот со Израел од последните квалификации.

„Ова може да се каже дека е среќа во несреќа. Моментално сум во Белград на лекување, се надевам, така велат и лекарите, дека многу бргу ќе се вратам на терен. Подготовките ќе ги пропуштам со МОЛ Фехервар, но секако дека ќе се вратм посилен, посебно за тој меч со Косово на 26 март“ изјави за СПОРТМЕДИА Бобан Николов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата