Средношколците му дадоа ултиматум на Министерството за образование и наука: Да го прифатат барањето за комбинирано образование до 15 септември, во спротивно најавуваат бојкот на учебната година. Од Унијата на средношколци велат дека ќе ги искористат сите демократски механизми за да се зголеми бројот на средни училишта што ќе држат настава според моделот што го предлагаат.

„Унијата на ученици очекува до 15 септември да има конечен став од Министерството за образование и наука, иако се знае дека наставата главно ќе следи од далечина, односно од дома. Сепак, бојкотот е најверојатно неизбежен, но овој период Унијата се обидува со амандмани и лобирање да ги смени одлуките што се носат.“

Од невладината Младински образовен форум наведуваат дека средношколците и учениците со посебни потреби треба да бидат меѓу приоритетните групи за да следат настава со физичко присуство, бидејќи за другите може да се најде решение. Претседателката на Форумот вели дека иако институциите имале повеќе од половина година, на крајот задоцниле со платформата за учење преку Интернет.

Според Државниот завод за статистика, во земјава има 987 основни и 132 средни училишта, но многу мал број од нив се пријавиле за физичка настава. Во меѓувреме, Министерството за образование соопшти дека наскоро ќе ја презентира заедничката платформа за учење.

Извор: АлсатМ