Средношколец од Саут Беј се најде во центарот на вниманието откако скокнал во изложбен базен полн со ајкули во „Ливинг коуст дисковери центар“ во Чила Виста, Калифорнија, пренесува „Спутник“.

Според Елизабет Аргајл од центарот, ајкулите не сакаат гласни звуци или ненадејни движења, така што животот на младиот човек не дошол во опасност.

Снимките покажуваат како момчето скока во базенот полн со морски предатори, а потоа плива низ него за да се врати на суво. Медиумските извештаи сугерираат дека тоа, наводно, го сторило небрежното дејство за да добие облог.

извор: Makfax