Среде најголемата криза, хрватската Влада купува 273 автомобили, објавија тамошните медиуми. Меѓу новите возила има пет лимузини за Владата и парламентот, серија автомобили за министерствата од средната класа и мотоцикли за полицијата.

„Среде најголемата криза во светот, кога треба да се спасат работни места и секоја куна да се сврти двапати, хрватската влада купува 273 нови возила. Од мотоцикли до автомобили од средена класа и лимузини“, објави 24sata.hr.

Според порталот, Државната служба за јавни набавки распишала повик за консултации во врска со потенцијалните добавувачи. Во оваа фаза, проценетата вредност на набавката е непозната, но сигурно не е под неколку десетици милиони куни.

Возилата се наменети и за Кабинетот за општи работи на парламентот и Владата, што значи дека некои од највисоките државни функционери ќе добијат и нови автомобили. Од полуксузните автомобили, пет се од повисока средна класа и 25 се од средна класа.

Исто така, има и 30 возила за надзор, 44 мотоцикли за управување со сообраќајот, 53 автомобили од пониска класа и 77 возила од типот hatchback, два минибуси и пет теренски возила.

извор: Makfax