Во центарот на градот, на ѕидот на Клиниката за трауматологија е напишано Ein volk ein reich ein fuhrer („Еден народ, едно царство, еден водач”).

Тоа е парола на нацистите кои го слават Хитлер и Третиот рајх, а покрај овој натпис на ѕидот се напишани свастика и усташки симболи.

Графитот на тоа место е веќе некое време, но  ниту градските служби,  ниту Клиниката за трауматологија, ниту, пак, некој друг не покажува интерес да го отстранат.

Затоа Европската граѓанска иницијатива од Загреб испрати пријава до Градот Загреб во која бараат итно да се отстрани графитот.

извор: Makfax