Мандатарот за формирање Влада, Зоран Заев утрово се сретна со претседателот на ДПА, Мендух Тачи за да го финализираат договорот за коалиција.

ДПА во новата Влада ќе ги има истите позиции, односно Министерството за инвестиции, кое се очекува да стане дирекција, заменик министер за транспорт и врски, државен секретар и неколку директори, дознава ИНА.

Исто така, се дознава дека Тачи зборувал за нови вработувања кои би се реализирале за време на владеењето.
ДПА е една од првите партии која постигна договор со СДСМ, а ваквиот став Тачи го кажуваше за време на кампањата.
 

Извор: ИНА