Работна средба посветена на забрзување на динамиката на инвестициските проекти на АД ЕСМ се одржа денеска меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

На состанокот во Министерството за транспорт беа разгледани статусите на реализација на повеќе проекти за кои е потребна документациска и урбанистичка поддршка од Министерството, а кои пред сѐ се однесуваат на инвестиции во обновливи извори.

„На средбата стана збор за проектите за фотонапоските електрани во Осломеј, проширувањето на ветерниот парк Богданци, Топлификација на Битола, Новаци и Могила, проектот Чебрен, како и околу наследените правни проблеми со новата деловна зграда на АД ЕСМ и неможноста поради истите објектот да се стави во употреба.
Утврдена е и насока за поинтензивна комуникација меѓу двете институции со цел предвидување на потребните активности во надлежните акти на Министерството заради навремена подготовка на теренот за идните планирани инвестиции“, соопштија од ЕСМ.

извор: Makfax