Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во Собранието оствари средба со косовскиот премиер,Авдула Хоти, кој престојува во официјална посета на земјата.

За време на оваа средба со Хоти, лидерот на ДУИ рече дека Северна Македонија и Косово имаат одлични соседски односи и дека секогаш ќе останат исти. Ахмети и Хоти разговараа и за проширувањето на соработката меѓу нашите
две земји со цел економијата, стабилноста и просперитетот во регионот.

Лидерот на ДУИ, му честиташе на Хоти за постигнатиот договор во Вашингтон, кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија и истовремено овозможува интеграција во НАТО и Европската Унија, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите граѓани на Балканот.

Претседателот на ДУИ, за време на состанокот со Хоти разговараше и за достигнувањата на Северна
Македонија, споменувајќи го тука договорот со Атина и Софија и ориентацијата на земјата кон Европската Унија.

Ахмети му порача на премиерот Хоти дека компромисите постигнати од Северна Македонија со Грција и Бугарија треба да бидат референтна точка за дијалогот Косово-Србија, бидејќи само преку договор нашите земји можат да одат напред.

На крајот од состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети истакна дека Република Северна Македонија ќе ја поддржи Република Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и
правилното функционирање на косовските институции и во овој случај евро-атлантска интеграција.

извор: Makfax