Еден од основачите на Партијата за демократска акција (СДА), на поранешниот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, и член на Организацискиот одбор за одбележување на случувањата во Сребреница, Ибран Мустафиќ, за Вести онлајн изјавил дека Босанците убиле од 500 до 100 сонадродници во Сребреница и дека Сребреница е договорен геноцид” меѓу Алија Изетбеговиќ и тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, пренесува Танјуг.

Мустафиќ изјавил дека Босанците во Сребреница биле убиени од своите сонародници при пробивањето кон Тузла во јули 1995 г., затоа што постоеле списоци на оние кои по никоја цена не смееле живи да се извлечат на слобода”. За тие списоци на неподобни Босанци” знаело највисокото раководство, на чело со Изетбеговиќ.

Мустафиќ е автор на книгата Планиран хаос”, во којашто изнесува низа обвинувања на сметка на тогашното муслиманско раководство, однсно дека злосторството во Сребреница било договорено меѓу тогашниот врв на СДА и САД, поради што повеќепати добивал закани, а во 2008 година бил и брутално претепан, пишува Вести.

Сребреница е апсолутно договорен геноцид меѓу меѓународната заедница и Алија Изетбеговиќ, затоа за мене поголемо злосторство од она што беше направено во 1995 беше кога во Меморијалниот центар (Поточари кај Сребреница) стапна Клинтон. Тоа беше момент кога злосторникот се враќа на местото на злосторството”, изјавил Мустафиќ.

Дека постоел список на луѓето од Сребреница кои се пробивале низ шумата кон Тузла, а кои не смееле да преживеат, му потврдиле, како што вели, повеќе од десет луѓе. Најмалку десетпати слушнав, а и од некогашниот началник на полицијата, Хакија Мехоиќ. Меѓутоа, не би ме изненадило да излаже дека не го рекол тоа”, додава Мустафиќ.

Списокот го направила сребреничката мафија тесното воено и политичко раководство во Сребреница, кое од 1993 било буквално господар на животот и смртта”.
Да можев јас да му судам на командантот на Армијата на БиХ во Сребреница, Насер Ориќ во Хаг, за злосторствата над Србите ќе му пресудев најмалку 20 години затвор, но за злосторствата над соранодниците најмалку 200.000 години”. Ориќ бил најодговорниот што Сребреница станала најголемата дамка во историјата на човештвото.

Мустафиќ смета дека е многу тешко да се утврди точниот број на убиените и исчезнатите лица во Сребреница. Одамна се манипулира со Сребреница, а главен манипулатор е претседателот на Комисијата за исчезнати на Федерацијата БиХ, кој планира на судбината на жртвите од Сребреница да живее уште 500 години, но не само тој, туку и многу други од опкружувањето на Изетбеговиќ, кои од 1992 работат на тоа да прикажат само едно што повеќе босански жртви”, истакнал Мустафиќ.