Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка Трамп потврдиле дека сакаат да ја посетат Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека за време на неговата посета на Вашингтон, Трамп бил многу шармантен и дека го поканил да ја посети Србија.

Претседателот Трамп е навистина сериозен во врска со таа намера, но се уште немаме датум, рече Гренел.

Одговарајќи на прашањето како успеа да го убеди да дојде во Србија, Вучиќ рече дека, како и секој Србин, тој инсистирал.