Во последните 24 часа, во Србија се потврдени 3.888 нови случаи на коронавирус, а 52 лица починаа. Тестирани биле 12.578 луѓе. Хоспитализирани се 9.581 лице, а во моментов има 326 пациенти на респиратори.

Од почетокот на епидемијата, во Србија биле заразени 296.528 лица, од кои 2.632 починале.Тестирани се вкупно 2.130.707 лица. Стапката на смртност е 0,89 проценти.

извор: Makfax