Министерството за правда на Србија поднесе молба до Северна Македонија за екстрадиција на Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), објави „Танјуг“.

Морина беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце, по потерница од Интерпол. Србија го бара Морина поради сомненија за воени злосторства против населението на Косово и Метохија.

извор: Makfax