Србија нема да почне војна ако Косово добие независност, изјави вчера српскиот претседател Борис Тадиќ. – Србија ќе се бори за Косово со дипломатски и законски средства, но нема да почне војна, – рече Тадиќ. Коментарот на Тадиќ доаѓа откако Српската радикална партија побара меѓународниот предлог за идниот статус на Косово кој ќе биде соопштен по парламентарните избори во Србија во јануари “да биде блокиран со воени средства”.