Како што денеска информираше директорот на Костолац, Драган Јовановиќ за телевизија Пинк, се работи за сериозна инвестиција каква немало последните 25 години во Србија бидејќи енергетскиот ќе има голема моќност моќ.

Вкупно инвестицја, со проширувањето на Дрмно, е со вкупна вредност од 715 милиони долари, од кои што со кинескиот кредит ќе бидат обезбедени 608 милиони. Рокот на доспевање на кредитот е 20 години, со грејс-период од седум години и фиксна годишна каматна стапка од 2, 5 проценти.

Останатите средства ќе ги обезбеди ЕПС и српската држава, веднаш штом договорот ќе биде ратификуван во Собранието. Проектот ќе се реализира во следните пет години.

Јовановиќ потсетил дека со Кина во 2008 година бил потпишан договор за ревитализација на ТЕ Костолац, во вредност од 1,6 милиајрди долари. Проектот ќе се одвива во две фази, од кои првата е во тек, а до крајот на годината ќе биде ставена во функција во вториот блок Б1 од ТЕ Б, со моќност од 350 мегавати.

Ревитализација на вториот блок, вклучува изградба на најголемиот проект на животната средина – суспендирање на гасовите.