Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека Србија испратила протестна нота до службените лица на Европската комисија затоа што Никола Тесла бил претставен како Хрват на интернет-презентацијата на Европската унија.

Дачиќ за „ТВ Пинк“ изјави дека протестната нота е испратена до европската комесарка за иновации, истражувања, култура, образование, млади и спорт, Марија Габриел.

Министерот посочи дека ЕУ во материјалот за едукација на младите луѓе навела дека Тесла е познат Хрват што ги открил рендгенските зраци.

„Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија за време на Втората светска војна, тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

извор: Makfax