Србија во текот на оваа недела веројатно ќе воведе задолжителен ПЦР-тест и 14-дневен карантин за странците кои доаѓаат од одредени земји, пишуваат медиумите.

Кризниот штаб за борба против коронавирусот тврди за порталот „Телеграф“ дека списокот на земји за кои ќе се воведе карантин сè уште не е составен.

„Неопходно е да се разгледа епидемиолошката состојба во секоја од нив, а потоа ќе се донесе одлука врз основа на тоа“, велат во штабот.

извор: Makfax