Иако Грција официјално им дозволи на српските туристи да влезат во земјата преку граничниот премин Промахонас, односно од Бугарија, навалицата на границата беше огромна.

Српските туристи кои пристигнаа на границата со Грција синоќа чекаа 9 и пол часа за да ја преминат границата.

Сепак, многумина велат дека тоа не им било тешко и дека целиот замор исчезнал кога отишле на плажа.

На страницата Грција инфо, многу српски туристи кои патувале напорно за да го вдишат мирисот на морето споделија фотографии од речиси празни плажи во Паралија, Полихроно и Тасос.

извор: Makfax