Ова најмногу им се исплати на граѓаните од пограничните градови. Во Сегедин купуваат сирење и месо и се облекуваат од глава до пети.

Србите купуваат сирење кое е квалитетно, а при тоа е поевтино за 150 динари, пишува Фактор.

Пилешкото месо и млечните производи во Унгарија се намалени за 5%.

Се препорачува во Србија веднаш да се купат форинти, наместо евра да се менуваат таму затоа што така повеќе се исплати.

Дел од српските граѓани купуваат и во Босна.

„Купив чинии, чаши и повеќе ми се исплати да одам до Бјелина, отколку да одам и да купувам во Белград” – вели Милена С.

Србите се почесто практикуваат заради цените бензин да полнат и во соседството.