Утрово во пределот на планината Тара наречено Растиште, пронајдено било безживотно тело на еден човек од Белград, на околу 30 годишна возраст кој долго време кампувач и спиел во неговиот автомобил.

Страшна била глетката бидејќи телото веќе било во распаѓање во поток на тешко достапен дел од планината. Според првите проценки, телото било таму најмалку 15 дена, а го пронашле ренџерите на Националниот парк „Тара“.

Како што дознава српски Курир, граѓанинот на Белград им кажал на жителите на Растиште кои го сретнале претходните месеци дека дошол во Тара да се засолни од епидемијата на вирусот. Спиел во својот автомобил кој бил паркиран во ливада, а пишувал и книга. Жителите велат дека тој понекогаш ги замолувал да му купат нешто во продавницата, но никогаш храна.

Пред пет или шест дена, било забележано дека автомобилот на ливадата долго бил празен и отклучен и дека неговиот сопственик го немало.

Ренџерите веднаш започнале потрага заедно со роднините на исчезнатото лице во последните неколку дена.

Утрово, во поток, длабоко во шумата, на околу километар од местото каде кампувал неговото тело било пронајдено во фаза на распаѓање.

Според информациите на Курир, телото не било нападнато од животни, но допрва ќе се утврдува причината за смртта.