Србин – мандатар за влада на БИХ?
Милорад Додик, охрабрен од сознанието дека неговата партија Сојуз на независни социјалдемократи ќе има најмногу пратеници во Парламентот на БИХ, изјави дека ќе побара, нивен кандидат да биде мандатар за новата влада на БИХ (Совет на министри). Тој додаде дека кон крајот на неделава ќе донесе одлука, со кого и како ќе ја формира власта на сите нивоа во Босна и Херцеговина.